|
Еве ме. Не сум нешто редовен.., ама имам оправдание од родител старател и потврда од класен раководител. Не бев тука. А кога професорката по марксизам прашала "Дежурни има ли отсатни" - најверојатно одговориле .." Го нема Дилана" И сега оваа логично пак прасува "А где Вам је Дилан" (инаку она е од српска провиниенција омажена за наше македонче ..инклудинг деминутив) сите едногласно и ја кажале суровата вистина" Отиде на Голи Оток"- А сто бара Дилан на Голи Оток?- Го Бара Панко Брашнар !- А зошто го бара Панко Брашнар?- Затоа што до сега на никој не му текнало да го најде. !!!!!!!!!! И навистина. Престојот во убавата нивна Хрватска во која отидов да учествувам на еден фестивал на радио драма и документарна програма (учествував со Крвава Кошуља на Рајко Жинзифов) го искористив и да скокнам на Раб..па на Лопаре ..па оттаму на Голи ! Тоа е еден остров за кој..додека се движите кон него...не знаете што да мислите. Оддалеку се надзираат ѕидините ..кои сведочат за Титовото незнаење и докажаното братство-единство на сите народи и народности на нашата поранешна татковина. Верувајте, додека се возите кон Голи, час почнува да Ви се уринира, час да Ви се дефецира, час ви се крева косата на главата, час (ако немате коса) ве пролазуваат морници. Стигнуваш. Ем знаеш дека веке ги нема, ем знаеш дека е пуст, ем знаеш дека си потполно безбеден, ама пуста да е литературата и спомените во мемоарска форма напишани од некогашните станари таму..., слегуваш од кајчето и очекуваш да налеташ на шпалир и да бидеш ТЕПАН ! Капак на се е сто на инкриминираното место за шпалирска обработкате пречекува натпис (ПАРОЛА) испишана со црвена масна боја која не учи дека овде " МИ ГРАДИМО ОТОК, ОТОК ГРАДИ НАС и секако во продолжение завршува со ЖИВЕО ДРУГ ТИТО. Еба си му мамата. Зачекорувас полека но сигурно и се мислиш дека некој ке излета од блиските рушевини и ке те подбере извикувајки СТИГАО СИ БАНДО !!! ТЕБЕ СМО ЧЕКАЛИ. Ужас !... Добро. само да Ве информирам дека посетава беше реализирана во содејство со извесен барба Шиме кој ми беше домицилен водич и покажувач - презентер на нашите светли традиции. Човекот како мал, често ги гледал труповите кои доагале до копно(читај островот Раб).Некои од труповите најдени од постарите жени на островот кои немале за што да се плашат (нели и онака се со една нога горе) , ги прибирале телата и ги закопувале, додека ако гореспоменатите ги пронајдел некој ЏВРКЛО јавувал во милиција , ги земале и ги вракале назад. Затвроскиот комплекс (огромен верувајте) на прв поглед ти дава до знаење дека, овде навистина немало заебанција у Франција. Ѕидови, осматрачници (кој стојат на врвот од тие исти ѕидови) потоа ѕидови кои ве одделуваат од другите ѕидови кои пак се ѕидови пред зидовите направени некој да не добие проблесок за бекство. (Морам да напоменам дека ѕидовите се правени со вредните раце на нашиот човек, револуционер, самоуправувач). Освен комплексот за криминалците (затворот постоел до 90 година) можете да ја видите разрушената зграда на црвените полубогови кои господареле со животот и смртта на островот ) зградата на чуварската служба и надлежните (ј)органи. Оттаму се движите по една патека угоре и налетувате на една огомна каптажа за вода (да не бидам здодевен со податокот дека и тоа е правено рачно камче по камче од нашиот човек револуционер и самоуправувач) од која се снабдувале со дождовница ..вода која најчесто и единствено е употребувана на островот. И додека со мислите сте на Брчко-Бановиќи и размислувате како другарот Сиротановиќ е обична мрзлива баба , во споредба со самопрегорот на жителите на островот и нивната цврста решеност да го изградат островот што ги гради самите нив, доагате до една поголема зграда во која се сместени легендарните самици . Храбро и глупаво, со накострешена коса од самиот нејзин изглед однадвор, влегувам во една од нив. Ем знам дека Шиме ми е пријател , ем знам дека никој нема да ме заклучи, ем......ја затворам вратата од самицата и се наогам во црна темница -поцрна од најцрниот црнец. Во тие моменти немаш чувства..само ти се чини дека од секаде слушаш тешко дисење..гровтање...крик..на сите сто пред мене (како турист) наменски биле затворени овде. Одвратно. Другарот Шиме, бесе љубезен па ми ги покажа и резиденцијалните објекти на заболекарот и општиот доктор во комплексот. Има една интересна работа , за која Шиме реце дека , кога гореспоменативе играле тенис(на посебен рамен дел за таа намена) многу им бегало тениското топче, па затворениците биле повикани да го решат проблемот.Се разбира тие со своите вредни раце и таму изградиле ѕид, кој спречува било какво топчебегање од споменатата парцела и нејзината намена. На крај, од кусата прошетка доаѓате на задната страна на затворскиот комплекс и налетувате на еден куп италијански , холандски ,германски и белгиски туристи кои со Ожујско(се мисли на пиво) во раката го запознаваат (Тито"с конз лаггер) кој до ден денешен сведочи за непоколебливата решеност да се остане на вистинската линија на едно време кое за среќа е далеку од нас. Да не се повтори ! (Дури сега ја разбирам онаа еврејска максима) Би можел уште долго да зборувам, но ова само колку да го оправдам моето отсуство овие денови.добро..... Ве поздравувам. За татковината со Тито НАПРЕЕЕЕЕЕДДДДДД
Ваш (ама баш...ваш...ама Вечно Ваш...)
DYLAN
|