|
Teenager - Antonio: Постојам |
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
7.03.2009. |
|
Здраво. Јас сум Антонио, имам 17 год и живеам во Велес. Да не се плашев за мојата иднина можеби и немаше да го правам ова што во моментов го правам, но не можам да бидам слеп сопатник на бродот кој тоне...
До пред неколку години играв футбал. Бев релативно добар и надежен, но игралиштето на кое го минев скоро цело мое слободно време се запушти... Сега таму нема ништо освен по некоја дупка, искршена клупа покрај него и глутница од кучиња кои се борат по цел ден.
Потоа имав желба да бидам член од некое фолклорно друштво. Играв неколку години, но немаше некој ефект па се откажав. Во меѓувреме почнав многу да се интересирам за музика. Се запишав на секција на која почнав да свирам на кларинет. Се беше добро додека по некое време не се затвори пионерскиот дом или домот за културно творештво како што го викаат некој. Сега, овие години се чувствувам како некое дете кое лута низ лавиринтите на ова микро општество и се плашам да не тргнам по патот на моите комшии и врсници кои се пикаат по дупките кои за жал се почесто се отвараат во нашиот град. И претпоставувам дека погодувате за кои дупки зборувам. Зборувам за запоставените игралишта, зборувам за оние места каде некогаш моите родители оделе на игранки, за парковите и останатите места кои некогаш служеа за рекреација и исполнување на слободното време на младите луѓе.
Во последно време гледам многу маркетиншки кампањи за борба против пороци, борба против се она лошо што зема голем замав кај младата популација. Тоа бланко го поддржувам, но истовремено и се плашам дека тој замав ќе ме однесе и мене, ќе однесе и многу млади животи на децата со кои имам израснато и интензивно се дружам...
Знам дека сум на голема раскрсница на која треба да одлучам каде да тргнам. Од една страна сакам да бидам успешен човек, од друга страна не знам дали ќе издржам во оваа машинерија која го голта секој што ќе покаже слабост.
Јас се не се чувствувам пријатно кога некој ќе рече “оваа младина не ја бива“. Не велам дека не ја бива, туку сакам да прашам дали постои некој што ја сфаќа или пробал да ги реши нејзините проблеми и потреби.
За да земам ваучер сум млад, да правам деца исто така, да добивам стипендии ако се запишам на факултет за информатика исто така. Сметам дека треба секој кој мисли на неговата општина да тргне од нас кои сме директно зависни од поддршката на младите во оваа општина преку локалната самоуправа.
Изгледа дека за жал сеуште само можам да сонувам бидејќи немам право на глас. Можеби за некоја година кога јас ќе можам д одлучувам за мојата иднина некој ќе помисли и на мене...
А до тогаш, сакам само наместо да ставаат интернет и нови компјутери во пензионерскиот дом, да го поправат игралиштето во моето маало и да отворат некој дом каде ќе можеме слободно да твориме, да се социјализираме и да се чувствуваме како луѓе кои имаат иднина...
На крај, можеби ова ќе изгледа банално за Вас, но за мене иако млад и невешт во пишувањето мислам дека некој ова ќе го сфати овој локален проблем и ќе наиде на разбирање.
|
|
Последно ажурирање ( 7.03.2009. )
|