Екслузивно интервју на Славчо Чадиев за VelesNews.mk Испечати Е-пошта
Напишано од Administrator   
16.03.2009.

 

 

Носителот на листа на коалицијата "За подобра Македонија" порачува:

"НА 22 МАРТ ТРОЈНА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ВЕЛЕС" !!!!!!!

 

VelesNews: Г-дин Чадиев, како го оценувате досегашниот тек на изборната кампања ,од  локалните избори во Велес?

Досегашниот тек на кампањата која ја водиме го оценувам како исклучително позитивна. Секојдневните непосредни контакти со граѓаните на општина  Велес  ни говорат дека сме го одбрале правиот начин за комуникација со електоратот, со гласачите од нашата општина. Како  што ветивме на Конвенцијата  на почетокот на предизборната кампања, ние ги посетуваме нашите сограѓани во нивните домови, ги претствуваме  кандидатите за советници ,кандидатот за градоначалник, ја презентираме нашата изборна програма. Со задоволство можам да истакнам дека овие наши средби се одлично посетени што ни дава за право да бидеме оптимисти за крајниот исход на овие избори. Во меѓувреме сме сведоци како Велес во последниве три недели се претвори во едно ново големо градилиште, се гради на двасесетина локации во градот и околните населени места , се дели вреќи цемент каде ќе се стигне, се’ со една цел да се добијат политички поени.
На последната прес конференција јавно ги отфрлив обвинувањата  дека  не водиме коректна кампања, дека  ги подмитуваме граѓаните  со разни прехрамбени продукти и уште еднаш ги повикувам да кажат нашите политички конкуренти кој од  советниците, кој од раководството на ВМРО - ДПМНЕ го сторил тоа. Одговорно тврдам дека ние не користиме таков начин на работа  ,од  едноставна причина бидејки таков начин за водење на кампања не е својствен за нашата партија.

VelesNews: Отворивте изборен штаб на кандидатот за градоначалник во централното градско подрачје, по што тој се разликува од официјалниот штаб на партијата?

Да, нашиот кандидат за градоначалник, господинот Горан Петров  отвори  изборен штаб во централното градско подрачје што е новина за наши услови. Едноставно овој потег на г.Петров се покажа многу добар бидејки и самите сте сведоци како голем број неопределени граѓани, волонтери кои сами се пријавија  да учествуваат во оваа предизборна кампања, секојдневно го посетуваат овој штаб каде се среќаваат со кандидатот за градоначалник ,каде ги презентираат своите размислувања  за иднината на Велес ,каде на дрвото на идеи ги прикачуваат своите предлози.Со еден збор отворањето на  овој изборен штаб се покажа доста успешено и го оправдува своето постоење.

VelesNews: Вие сте актуелен  претседател на Советот на Општина Велес, а со тоа добро ги познавате проблемите на граѓаните, кажете ни кои се трите топ приоритети што се исправени пред новиот состав на советот на Општина Велес?

Советот не може да има само три топ приоритети ,еден совет мора да има четиригодишен континуитет на решавање приоритети, меѓутоа во самиот почеток на работењето на советот потребно е да преовлада една поинаква атмосфера, каде граѓаните ќе  почувствуваат  дека советот е дел од нивното живеење согласно со надлежностите кои ги има. Прво што ќе направиме е советот, односно Претседателот на Советот  да ги отвори вратите  за граѓаните  како што и работевме во изминативе  пет месеци  како советничко мнозинство и јас како Претседател на Советот, да можат граѓаните да дојдат и директно да разговараат, ги истакнат своите проблеми, како пред Претседателот на Советот, така и пред Градоначалникот, пред службите на општината, а истовремено да добијат и одговор.
Истовремено, согласно со програмата  ние  имаме истакнати 10 приоритети од кои ќе наведам дел од нив како :
- урбанизација на зони предвидени за развој на мали и средни бизниси ,
- поддршка  при почнување на нови бизниси преку ослободување од плаќање комуналии.
Но, исто така во програмата имаме предвидено изработка на проект  атмосферска канализација, како и идејно решение за нова автобуска станица заедно со железничка станица, организирање на ултрамаратонска трка Богомила – Велес, реконструкција на основни и средни училишта  и други проекти кои се наведени во нашата програма за овие локални избори.

VelesNews: Имавте многу замерки за работата на Коцевски како градоначалник, а во неколку наврати имавте сериозни замерки кон него како градоначалнички кандидат. Што најмногу му замерувате?

 Јас како советник во изминативе  4 години  и советничката група што ја предводев  се обидувавме и се обидувавме да работиме  и работевме според законот на ЕЛС, деловникот, статутот  на Општината. Во тековното работење ни се случуваше  да на тендер за набавка на нафта за училиштата  го добие второрангираниот, на јавен тендер за компјутери,  наместо објавените  4 да се набават 28 лап топ компјутери , да не се пријавуваат донации  во парични срредства во советот,  што е спротивно со законот за финансирање на ЕЛС, да не се даде одговор за градбите од 3,4 и 5  категорија во кои е инвеститор Општина Велес. Да не се одговара на советнички прашања, да се закажуваат свечени седници на Советот на општината без за тоа да знае Претседателот на Советот, да и се забранува на администрацијата  да дава одредени услуги на советниците, немањето слух за обезбедување услови за работа на советничките групи односно простории каде советниците  ќе се среќаваат со своите избирачи. Замислете си една советничка група своите состаноци и координации ги одржуваше во кујната  на општината.Ова се само дел од од забелешките на кои не добивме одговор и покрај секојдневните поставувани прашања.

VelesNews: Кандидатот Коцевски во една прилика изјави дека  Вие сте човек кој не заслужува да се коментира, ќе ја коментирате ли оваа негова изјава?

 Кога Коцевски нема адекватетен одговор за некое поставено прашање  способен  е да искажува секакви квалификации ,што не му е првпат.Но, тоа го прави со една цел  да го сврти вниманието  на јавноста во друг правец од темата на разговор.
Коментар за ова негова изјава не е потребен затоа што самата изјава говори за карактерот  на неговата самобендисаност.

VelesNews: На една прес конференција, ги обвинивте политичките конкуренти за нефер кампања,се споменуваа вреќи цемент, копани..пари. Што е вистина од сето ова?

Кога ја донесувавме програмата од доменот на урбанизмот и заштита  на животната средина  за 2009 год. бевме обвинети дека донесувавме  предизборна програма, дека ова е нереална програма и дека ова е додворување кон гласачите. Но, во моментов сме сведоци  на нешто што е пракса на Коцевски да на три недели пред изборите  се работи на повеќе од дваесеетина локации низ градот и населените места, се поделија повеќе стотици вреќи цемент  без да се води  грижа  каде е употребено, каков е квалитетот на изработка  и на кои локации се изведуваат градежните активности. Се манипулира со најсиромашниот дел од населението на нашата општина, за кој дел само пред неколку месеци  се одбиваше да се вметне во  ДУП  на тој реон , се одбиваше да им се направи пат, канализација , да им се доведе вода  струја, улично осветлување. Вистината е дека  учесник во сето ова е кандидат на советничката листа за советници од СДСМ.
 Ова е повеќе од манипулација  со нашите сограѓани  на тој дел од градот и на сите останати места каде во овој момент се вршат градежни активности.

VelesNews: Опонентите Ви ја замеруваат секоја посета на министер или владин претставник во градов и дека тоа се коси со принципите на позитивна кампања. Имате ли коментар?

 Едноставно една локална самоуправа  за да може да изгради капитални објекти  има неколку начина тоа се оствари: да се задолжи кај банките, да се добие донација и да соработува  со владата на Република Македонија.
Нашите сограѓани  можат да приметат дека кога ВМРО - ДПМНЕ  е на власт на државно ниво, во Велес секогаш нешто се гради,  се изведуваат капитални објекти. само ќе набројам дел од нив:  вториот потпорен зид  на свлечиштето  Рамина,  изградба на фудбалско игралиште во градскиот парк, реконструкција на терените во градскиот парк, завршувањето и давањето во употреба на  социјални станови во населба Тунел и секако   тековната изградба на новиот театар кој се гради во младинскиот парк, за кој од страна на Коцевски и СДСМ бевме критикувани дека е само политички маркетинг и дека нема да се изгради. Во меѓувреме граѓаните на Велес секојдневно гледаат како ова зграда се издигнува и по нејзиното завршување треба да биде репрезентативен објект  во градот.
Токму посетата на министрите  испраќа една јасна и недвомислена порака до граѓаните на Велес  дека владата  е подготвена  да соработува  со идниот Совет и со новииот Градоначалник на Општина Велес, соработка која очигледно ја немаше со господинот Коцевски  во изминативе  двеи пол години и соработка која е неопходна  за идниот развој на општината.
За да може  еден министер од една влада  да посети еден град треба да има  нешто направено, нешто сторено за тој град. Овие министри што го посетија Велес заедно со кандидатот за градоначалник Горан Петров и пратеникот Илија Димовски сторија нешто за овој град,  а тоа е нешто што се гледа и  што можат граѓаните на Велес да го видат секојдневно.
Ние како идна локална власт сме должни оваа понудена соработка  да ја прифатиме од страна на владата  за да можеме во наредниве 4 години да донесеме и спроведеме што повеќе проекти во Велес.
Не може некој да  бара подршка од владата, а истовремено преку прес конференции да му порачува на премиерот на истата влада да не доаѓа во Велес во предизбопрната кампања.

VelesNews: Коцевски изјави дека победува во првиот круг, имате ли Вие ваши поинакви пресметки?

 И јас го делам мислењето дека ќе нема втор круг  за избор на градоначалник. Резултатите од последната анкета говорат  дека Велес на 22 март ке добие ново советничко мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ  и нов градоначалник .

VelesNews: Како ќе изгледа кохабитацијата со Коцевски во една претпоставена варијанта, Чадиев претседавач – Коцевски градоначлник?


 Како што и самите  во изминатиов период  можевте да видите, како Претседател на советот  се обидував  да соработувам  со Коцевски.Но, соработката  на начин  “добро ќе соработуваме,  но ќе биде како јас ќе кажам  за мене” -  беше неприфатлива. Но, јас сум убеден дека после 22 Март, кохабитација нема да има  бидејки  едноставно и Претседателот на Советот и Градоначалникот ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  и коалционите партнери.

VelesNews: Каква е Вашата визија за Велес како потенцијален старо-нов претседавач на советот на општината во наредните 5 години?

 Во иднина го гледам Велес како место кое полека но сигурно ќе се врати онаму каде и му е местото , град во кој ќе живеат задоволни граѓани, град на младоста , културата, град на спортот, град во кој младите ќе останат во Велес и ги основаат и израснуваат своите фамилии.
Едноставно, бидејќи сум роден, израснат во Велес, бидејќи тука и планирам засекогаш да останам ,бидејќи сакам тука да останат и моите деца, сакам Велес да биде  пристојно место за живеење. Јас како дел од луѓето кои се занимаваат со политика и се наоѓаме на одговорни функции во локалната самоуправа должни сме сето ова  да им го овозможиме на идните генерации

VelesNews: Претседателот на УМС-ВМРО-ДПМНЕ –Велес, во интервју за велеснењс.мк предвидува 13-16 советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во новиот состав на советот, какви се Вашите прогнози?

 Со оглед на тоа како се одвива кампањата, бројноста  на посетеноста на нашите средби со граѓани, интерсот кој го пројавуваат граѓаните  на овие наши средби ,бројот на пријавените волонтери кои учествуваат во ова наша предизборна кампања  очекувам тројна победа во Велес односно да добиеме апсолутно мнозинство во Советот на Општина Велес.

VelesNews: Г-дин Чадиев, велеснењс.мк Ви благодари за одвоеното време и Ви посакува успех на претстојните избори .
Последно ажурирање ( 16.03.2009. )
 
< Претходно   Следно >