Frog Princess - Среќен прв роденден!! Испечати Е-пошта
Напишано од VelesNews   
25.02.2010.

 

 

Роденденска!!

 
 
 
Ете вака така , полека , полека , ден по ден , месец за месец , измина и една  година. И?
И што?
Кажавме што имавме за кажување, молчевме  кога требаше . Има уште за кажување , ама оти сме со ниет многу години да не има па не брзаме за се да ви кажеме де, нешто така што се случува секојдневно , некоја и подлабока тема , мислам секој успеваше да се пронајде по малку нели?
Јас молчам веќе подолго време , не од причина што немам што да ви раскажам , животот на една жена (каква и да е)  секогаш е интересен, секојдневно исполнет. Но ете така срцево празно , збор не ми се пишуваше и жалам за загубеното време , посветено на неважни работи а не на вас ,кои ме читавте. Ама еве се подобрувам , ситуацијата после една година е оваа:
Статус кво !!!
Дали ?
Нееее ,  никако . Може така да си мислите , ама ние сите сме постари , помудри и поубави за една цела година.
Имаше од се по нешто. Малку плачење , малку фрустрации , малку радост , малку еротика ..... баш се .
Така да од сега натаму , повозрасни , со повеќе искуства и повеќе приказни за кажување се читаме .
Ете се ќе биде добро , како во истоимената серија и Шеќерезад ќе се земе со Онур , за сите оние што ги пратат таквите серии а успеваат да не читаат.
За оние на страна , во далечните краишта кои ги прегрнуваме како да се тука .
За оние кои љубоморат, за оние кои вистински не сакаат .


 СРЕЌЕН НИ  ПРВ РОДЕНДЕН!!!

Па што се случи кај мене во маало , како и секое мое излегување од зграда кое е доста коментирано така и ова. Онака класично дотерана , со примерна должина на здолништето , а сепак провокативна за соседите , со закопчено деколте во рамките на нормалата излегов да го прославам и јас овој наш заеднички роденден. Секако прво си ги средив сите бафчи , сите аквариуми и останати занимања на фејсбук. А а А соседите си почнаа со ред, оние што си немаат работа нели и си седат онака пред продавница и го коментираат дури и секое пиле што ќе прелета. Па и јас сум на таа листа , и интересно е што имаат информации за мене кои и јас самата Жабица не си ги знам , па ете ќе слушнам и јас ќе научам. Вака звучат : “Ете ја тргна, кој ли ти знае со кој ќе се работи вечерва, море ..... ц ц ц ц ц ” , а други па во одбрамена позитива: “ абе што сте зинале , златно дете е , тој е за во пеколот , што и направи , ја уништи , па како можеше и она сирота во гнездото на змијата да појде” и  така натаму .....
Тоа се нашите сосетки од постарите генерации , не можеме да ги промениме , едноставно “берат гајле” сироти за сите. А најтрагичното е што пак мене не ми се случило ништо толку сочно како нивните приказни, ама барем зборуваат па се тешам дека некогаш и некоја вистина ќе се каже.  Јас со крената глава поминувам покрај нив и ги поздравувам , а они како да не ме забележале ..... Ахххх , наши велешки супер-домаќинки помалку серии од стилот на Шеќерезад може ќе ви ја намалат и малку повеќе бурната фантазија што сте ја развиле.
Но да не губиме време на маалските озборувачки. Јас продолжив со мојата мисија , едноставно да бидам јас, да крекам оти можам и сакам, да се забавувам , да се налеам со малку алкохол да добијам повеќе руменило во образите , да си прославам  оти мислам дека сум си заслужила да бидам дел од првиот наш роденден, па понатаму повеќе .
Погледи од сите страни , а јас уживав во тоа да сум си само јас , и дел од еден добар тим , кој го почитувам. Јас бев таа, Жабицата , недопирлива повеќе од било кој, достапна на оние кои сакам, а сега сакам само да сум слободна другарка. Заврши за мене 2та Светска Војна ..... сега си ја пејам химната со своите другари и другарки. Сега сме слободни и тоа е докажано , докажано е поради тоа што еве овде можеме да си кажеме се што сакаме.
Слобода на говорот, слобода на сите
Да ни се множат родендените!!!

Секогаш ваша
Frog  Princess



Коментари
Пребарај
ATO   |62.162.217.xxx |2010-03-22 17:10:16
Баш би сакал да те видев така облечена. ПрКо Толстој си
во пишувањето. Кај него ми се допаѓаше што перфектно ги
опишуваше личностите.
белки се пред тебе.
поздрав
Само регестираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

Последно ажурирање ( 25.02.2010. )
 
Следно >
Насловна arrow Колумна arrow Frog Princess arrow Frog Princess - Среќен прв роденден!!