Насловна
Sep
9
Thursday
Наскоро : Наскоро 50.000 читатели на Velesnews.mk
Popular
Online
Имаме 15 гости на оваа страница
Колумни
Кажи, кажи, облаче ле бело...
За идните брачни другари
Вака почнува секогаш !
Салон Струмица
034 323 090
Најквалитетната PVC столарија во Европа
Застапник за Велес
Ко Мал Боро
Застапник за Велес
Ко Мал Боро
075 308 100
Green Power
Шокантна реалност!
Модни текови
Таму каде што е најсигурно!
Кој носи, не проси!
Подобро бебе во рака, отколку банана на гранка!
| Смрт во Швајцарија!!! |
|
|
| Напишано од VelesNews | ||||||
| 4.03.2010. | ||||||
![]() Туризмот цвета!!
Швајцарија! Алпи, скијање, чоколади, часовници, зелени ливади и сочувана природа. И банките со тајните сметки во кои ги чуваме милионите кои ги заработивме од VelesNews . Прекрасни асоцијации за оваа прекрасна земјичка во Централна Европа.
И смрт!!! Баш така. Швајцарија од неодамна стана омилена дестинација за посетителите кои сакаат да умрат. Се започна во 1998 година кога швајцарскиот адвокат Лудвиг Минели ја основа клиниката Дигнитас. Тие не нудат болни терапии со неизвесен исход . Нивниот третман секогаш успева, бидејќи на корисниците им нудат – смрт. Во стручните кругови е позната под името еутанзаија – помош за самоубиство или убиство од милосрдие. Со оглед дека еутаназијата во најголем дел од земјите е забранета, Швајцарците сфатија дека тие имаат што да понудат. Добивката е сигурна “Кец во кец” , или исто како кога започнувате да играте партија покер, знаејќи дека на крајот од партијата ќе завршите со Флеш ројал во раката и ќе ги соберете сите пари од масата. Во клинката Дигнитас, но и во другите клиники кои постојат во оваа земја, доаѓаат неизлечиво болни луѓе кои сакаат да си ги скратат маките. Се користат убиствени коктели од отровни хемикалии кои пациентите ги вдишуваат или ги пијат помешани со сок, по што прво запаѓаат во кома, а потоа умираат. За целата процедура се потребни 30 минути. На пациентите официјално им се одобрува третман само во случај на неизлечива болест. Навистина хумано. Скоро и да посакаме де се зачлениме во нивниот “лојалити клуб”. Можеби даваат попуст на групни посети. И онака тука кај нас живееме во неизлечива земја, со неизлечиви политичари и неизлечива реалност. Сепак, ситуацијата во пракса на оваа клиника е малку поинаква, па многумина тврдат дека на овие клиники се убиваат луѓе без било какви проблеми само ако имаат пари тоа да го платат. На пример, Дигнитас за своите услуги наплатува помеѓу 4000 и 8000 евра, а поранешни вработени од оваа клиника тврдат дека го примаат апсолутно секој кој може да плати. Дури 21% од пациентите кои умреле, не биле воопшто смртно болни, а постојат и случаи кога сосема здрави луѓе одлучуваат да се убијат заедно со своите болни партнери. Тоа за Дигнитас не е никаков проблем. Целата приказна околу овие клиники дополнително ја чини интересна и нивниот статус на невладини и непрофитни организации. Имајќи ја во вид цената на третманот и илјадниците луѓе кои одлучиле да си го окончаат својот живот, длабоко веруваме дека овие клиники се непрофитни. Во секој случај, доколку ве интересира да отидете до ветената земја и да го погледнете комплетното мени на Дигнитас, кликнете на линкот кој води до нивниот официјален сајт. Со среќа, иако ние од VelesNews ви препорачуваме да останете тука, оти за сличниот тип на услуги овде не плаќате ништо – единствената разлика е што тука процесот на заминување од овој свет е побавен, а ефектите од убиствениот државен коктел се чувствуваат дури по неколку години. Ама барем убиствената и летална доза ја добивате ГРАТИС!!!
Само регестираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| Последно ажурирање ( 4.03.2010. ) | ||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
Мијачки остров Папрадиште
Недопрена убавина Папрадиште
Ова не е фотомонтажа - верувале или не!!

Насловна













