Ќе се отвора најлуксузниот затвор на светот!! Испечати Е-пошта
Напишано од VelesNews   
4.03.2010.

Ова ни по дома го нема!!!
 
Во Норвешка наскоро ќе биде отворен најотмениот затвор на светот, чии ќелии ќе бидат опремени со плазма телевизори, а на ѕидовите ќе бидат нацртани  мурали.

Оваа казнено-поправна установа, на чија изградба и опремување се потрошени 160 милиони фунти, се наоѓа во бизината на Осло, и има капацитет да прими 252 осуденици (за жал само толку). Затворениците ќе имаат еднокреветен апартман со сопствено купатило, а на прозорците ќе нема решетки.

Властите вложиле повеќе од милион фунти на уметничките дела од современата уметност кои ќе ја украсуваат внатрешноста на затворот во присуство на максимално обезбедување се разбира.
Освен тоа, затворениците на располагање ќе имаат и ѕид за планинарење и модерно опремено музичко студио.

“Многу сме горди поради ова што го постигнавме. Ниту еден прозорец нема решетки, а постоечките се направени од непробојно стакло, така што луѓето нема да се чувствуваат клаустрофобично”, вели Арне Хоидал, управник на затворот кој ќе се отвори за еден месец.

Што вели еден наш колега - сепак тоа е затвор, а затвор си е затвор!!!! Ние навистина го обожаваме нашиот колега  за неговиот луциден реал-песимизам!!!



Коментари
Пребарај
Само регестираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

Последно ажурирање ( 4.03.2010. )
 
< Претходно   Следно >
Насловна arrow VelesNews arrow Ќе се отвора најлуксузниот затвор на светот!!