Насловна
Sep
9
Thursday
Наскоро : Наскоро 50.000 читатели на Velesnews.mk
Popular
Online
Имаме 14 гости на оваа страница
Колумни
Кажи, кажи, облаче ле бело...
За идните брачни другари
Вака почнува секогаш !
Салон Струмица
034 323 090
Најквалитетната PVC столарија во Европа
Застапник за Велес
Ко Мал Боро
Застапник за Велес
Ко Мал Боро
075 308 100
Green Power
Шокантна реалност!
Модни текови
Таму каде што е најсигурно!
Кој носи, не проси!
Подобро бебе во рака, отколку банана на гранка!
| ОСКАР : ''The hurt locker'' - најдобар филм! |
|
|
| Напишано од VelesNews | ||||||
| 8.03.2010. | ||||||
![]() "Аватар" извиси!!
Американската филмска академија ноќеска во холивудскиот татар Кодак во Лос Анѓелес по 82 пат ги додели филмските награди Оскар во повеќе од 20 категории, а престижната награда за најдобар филм му припадна на остварувањето на Кетрин Бигелоу “The hurt locker“ .
Ова беше втор Оскар овав вечер за Бигелоу, со оглед дека беше наградена и во конкуренцијата за најдобра режија за истиот филм. Интересно е што таа е првата жена која го доби Оскарот во конкуренција на режисери, и во директен дуел го победи својот поранешен сопруг Џејмс Камерон, кој во истата категорија беше номиниран за блокбастерот “Аватар”. За најдобра режија беа номинирани и Квентин Тарантино (Inglourious bastards), Ли Дениелс (Precious) и Џејсон Ритман (Up in the air). За прв пат оваа година имаше вкупно десет претенденти за признание во оваа категорија, меѓу кои и блокбастерот на Камерон “Аватар” и “Проклетници” на Квентин Тарантино. Оскарот за најдобра женска улога и припадна на Сандра Булок за остварувањето во драмата "The blind Side". Освен Булок, за најдобра женска улога конкурираа и оскаровките Хелен Мирен (The last Station) и Мерил Стрип (Julie and Julia), како и новите филмски ликови Кери Мулиган (An Education) и Габури Сидибе (Precious). Интересно е што на Сандра Булок и припадна и овогодинешната Златна малина за најлоша женска улога во изминатата година за улогата во комедијата “Се’ за Стив” (All about Steve) Оскарот за најдобра главна машка улога му припадна на Џеф Бриџис за улогата на остарениот кантри пејач во филмот “Crazy Heart“.Останатите претенденти беа Џорџ Клуни (Up in the air), Колин Фирт (A single man), Морган Фримен (Invictus) и Џереми Ренер (The Hurt locker). Оскар за најдобра споредна женска улога освои Мо’Ник за остварувањето во филмот “Precious“, а во трката беа уште и Пенелопе Круз (Nine), Вера Фармига (Up in the air), Меги Гиленхал (Crazu Heart) и Ана Кендрик (Up in the air). Оскар за најдобра споредна машка улога му припадна на Кристоф Валц за улогата во филмот ''Inglourious bastards". За оваа награда се натрепаруваа и Мет Дејмон (Invictus), Вуди Харелсон (The messenger), Кристофер Пламер (The last station) и Стенли Тучи (Lovely bones). Наградата за најдобро остварување надвор од англиското говорно подрачје ја доби аргентинскиот филм "El secreto de sus ojos", а во конкуренција беа израелскиот “Ajami“, францускиот “Пророк”, перуанскиот “Млеко на тагата“ и минатогодишниот кански победник и добитникот на Европската филмска академија за најдобар филм “Бела лента“ на Михаел Ханеке. Меѓу останатите признанија, за најдобар анимиран филм е прогласен “Up“ ( До небо) на Пит Доктер и Боб Петерсон, кој беше номиниран и за најдобар филм, а за признанието во оваа категорија номинирани беа “Коралина и мистериозниот свет“, “Фантастичниот господин Фокс”, “Принцезата и жабата“ и “The secret of Kells“ Оваа година по исклучок, гала вечерата беше закажана за во март за да се избегне преклопување на термините со Зимските олимписки игри во Ванкувер, Канада, кои во текот на изминатиот месец беа централен телевизиски настан во Северна Америка.
Само регестираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| Последно ажурирање ( 8.03.2010. ) | ||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
Мијачки остров Папрадиште
Недопрена убавина Папрадиште
Ова не е фотомонтажа - верувале или не!!

Насловна













