| Секс ЈОК!!! |
|
|
| Напишано од VelesNews | ||||||
| 10.03.2010. | ||||||
|
Според најновото британско истражување што го спроведе Скај чанал, секоја четврта жена (сингл, разведена или во брак, подеднакво) постара од 35 години воопшто не консумира секс.
Британскиот психотерапевт Сузан Квилијам вели дека сексуалната апстиненција над 35 воопшто не изненадува. - Повеќе ме шокираше податокот дека 75 испитанички се уште имаат редовен секс, бидејќи жените во тоа доба обично се во долги врски. Кога на тоа ќе се придодадат и децата и притисокот од вонредниот начин на живот и очекувањата од неа во постелата, кои се големи, последица е губење на волјата за секс, вели Квилијам. Од резултатите од британското истражување не е изненадена ниту психологот Тања Јурин од Загреб, особено, вели таа, ако станува збор за високо образовани жени кои живеат под притисок на работните и родителските амбции. - Секој облик на анксиозност води кон намалување на сексуалната желба, што е очекувано. Но, мислам дека тоа не мора да биде загрижувачко. Не постои формула за сексуална динамика". Постојат луѓе на кои и еден секс годишно им е задоволувачка состојба и на кои тоа ни најмалку не им пречи, бидејќи не им го нарушува партнерскиот однос. Тие имаат квалитетна врска без оглед на губењето на силна сексуална привлечност, вели Јурин. Но, ако тоа не е случај, таа советува дека партнерите треба да работат на сексуалноста, како и на кој било друг сегмент од партнерскиот однос. Како што вложувале напор врската да прерасне во брак и да се надогради со раѓање на дете, истиот напор вреди да се вложи и во повраток на страста во постелата.
Само регестираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| Последно ажурирање ( 11.03.2010. ) | ||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|



