| Каде што Тито запира, Mакедонец продолжува! |
|
|
| Напишано од VelesNews | ||||||
| 11.03.2010. | ||||||
|
Македонецот, чие име засега не ни е познато и кој умрел пред пет години, со Херта и ќерките живеел во хармоничен живот во центарот на Белград во Таковска улица. Оттогаш Херта е со лошо здравје, а нејзината последната желба била да ја закопаат до нејзиниот сопруг Во скудната биографија за покојната втора жена на Тито, Херта Хас (Еврејка по потекло) никаде не е забележано дека вториот и последен маж со кого има две ќерки е Македонец. Овој податок го обелоденува познатиот филмски режисер Лордан Зафрановиќ, кого смрта на Херта буквално го затекнува сред монтажата на документарниот серијал за Јосип Броз Тито, каде Херта се појавува во сите десет продолженија. Македонецот, чие име засега не ни е познато и кој умрел пред пет години, со Херта и ќерките живеел во хармоничен живот во центарот на Белград во Таковска улица. Од тогаш Херта е со лошо здравје и двапати неделно и доаѓала болничарка која и давала инјекции. Болничарката е таа која ја пренела последната желба на Херта да биде закопана до нејзиниот сопруг. Филмскиот материјал за Херта Хас, што го направиле Зафрановиќ и неговата соработичка Мира Шувар изнесува дури 14 часови и е единствен разговор кој на некој новинар му го дала поранешната Титова сопруга. Лордан е фасциниран од таа словенечка Жидовка, чија животна приказна е создадена за екранизација. За неа, стариот филмски лисец вели дека е единствена интелектуалка и врвен економски стручњак од која Тито имал многу повеќе корист во својот живот отколку таа со него. Затоа и не е чудо што Тито по војната, во педесеттите години, сакал со неа да се смири, но таа го одбила. Херта Хас е пензионирана како секретар на Владата на СФРЈ.
Само регестираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| Последно ажурирање ( 17.03.2010. ) | ||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|



