Велешката болница ќе се реновира!! Испечати Е-пошта
Напишано од VelesNews   
11.03.2010.

Конечно нешто се движи!!!

Старата дограма, водоводна и одводна мрежа во велешката болница ќе биде заменета со нова, а целосно ќе биде реконструирано и хируршкото одделение

Со пари од Министерството за здравство, целосно ќе се реновира вториот спрат од болницата каде што се сместени хируршкото одделение и одделенијата за ортопедија и трауматологија. Ќе се обновува и одделението за урологија и Б трактот од  интерното одделение.

„Кога зборуваме за целосно реновирањ етоа значи дека комплетно ќе биде сменета електричната инсталација, на водоводната и одводната мрежа. Целосно ќе бидат реновирани и санитарните чворови. Ќе се заменува старата дограма со нова, а ќе биде сменет и ентериерот во одделенијата. Во болницата ќе биде поставена и централна климатизација“, вели д-р Весна Чадиева, лице за односи со јавноста во болницата.

Застарените врати и прозорци од целиот објект ќе бидат заменети со нови, а ќе биде сменета и дотраената водоводна и одводна мрежа во сите болнички соби. Целосно ќе биде реновирана и кровната конструкција на објектот во кој е сместено инфективното одделение.

„Сега останува раководителите на одделенијата што ќе се реновираат да си ја организираат работата, за да не се случи да престане со работа некое од тие одделенија. Битно е да се реорганизираме и да овозможиме непречено да с еодвиваат градежните зафати, и потоа да добиеме подобри услови и за работа и за пациентите“ додаде Чадиева.

Ова е првата фаза на реновирање во кои се опфатени повеќе болници низ земјава, меѓу кои и болницата во Јасеново. Откако ќе се избере фирмата што ќе ги изведува градежните работи, почнува реконструкцијата некаде од втората половина на април. Во втората фаза од проектот планирано е да се изгради нов објект на местото каде што е сместено одделението за физикална медицина и рехабилитација и трансфузиологија, кој е всушност и најстариот објект во болницата.
Коментари
Пребарај
ATO   |62.162.217.xxx |2010-03-12 14:49:13
Ха Ха Ха
Потугерова соба, направена од донација само да
се слика и да се залажува народот.
Кого лажете, па и да
ја позлатите не можете да ја направите место за
болни.
Не е се во дограмите, одводите и
доводите.
Проблемот е во раководењето и стручноста на
лекарите.
Се што вреди од лекарите си замина од
болницата. Зарем не гледате кој е останат да работи во
болницата. Зарем не гледате дека партизацијата го
уништи здравството.
Ај доста е сепак прво во нивните
раце ќе умреме ако ништо.
Само регестираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

Последно ажурирање ( 11.03.2010. )
 
< Претходно   Следно >
Насловна arrow VelesNews arrow Велешката болница ќе се реновира!!